Српската компанија Nordeus, позната по популарната фудбалска симулација Top Eleven која брои над 11 милиони активни играчи, ја објави својата нова апликација Sportser, која е изработена во соработка со познатата обложувалница Bet and Win. Sportser е апликација – моментално во затворена бета – за обложување на фудбалски натпревари, која како Top Eleven е наменета за Facebook корисниците. Sportser е вид на друштвена игра во која играчите се натпреваруваат околу знаењето на играта, односно добиваат поени според погодените предвидувања на резултати. Корисниците можат да се обложуваат на реални натпревари, но и на виртуелни, пренесува српскиот Startit.rs.
The post Српскиот Nordeus ја стартува својата нова апликација Sportser во соработка со Bet and Win appeared first on IT.mk.