Quantcast
Channel: Top Eleven – IT.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 18

Српскиот Nordeus e најдобар европски стартап според публиката на London Web Summit 2012

$
0
0

Српскиот стартап Nordeus ја освои People’s Choice наградата за најдобар европски стартап на London Web Summit.

Наградата од публиката која гласаше на сајтот на конференцијата е признание за Nordeous за нивната работа околу фудбалската симулација Top Eleven која има над 7 милиони активни Facebook корисници. Играта успеа да стане попопуларна од Fifa Superstars на EA Sports. Интересно, Nordeus ја доби награда само ден откако компанијата го прослави своето две годишно постоење. Во компанијата денес работат 53 луѓе од кои никој не е постар од 30 години.

Директорот Бранко Милутиновиќ за хрватската Netokracija вели дека наградата е посебна бидејќи доаѓа од публиката.

„Развојот на игри подразбира да се креира производ кој корисниците не се приморани да го користат, туку тоа сами го сакаат и затоа ни значи многу секоја поддршка што ја добиваме.“

Ова е втора награда за Nordeus. Претходно беа избрени за најдобар гејминг стартап на Europas 2011.

Честитки Nordeus.

The post Српскиот Nordeus e најдобар европски стартап според публиката на London Web Summit 2012 appeared first on IT.mk.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 18

Trending Articles