Quantcast
Channel: Top Eleven – IT.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 18

ИТ Настан: Nordeus Hackathon 2011 во Белград

$
0
0

Српската компанија Nordeus, која стои зад популарната игра Top Eleven Football Manager, која има над 1 милион активни играчи дневно, организира Hackathon – 24 часовен натпревар во програмирање на игри во разни платформи. Hackathon-от трае од 23-ти декември и се оддржува во Белград, а од компанијата обезбедуваат бесплатен превоз и храна.

Од компанијата, која неодамна ја доби наградата “Best Gaming Start-up” на Europas Awards 2011 велат дека алатките може да ги одберат самите програмери и девелопери, но тие препорачуваат да се користи Flex и Java, но не го исклучуваат и користењето на HTML5, Java2D, XNA, Objective C за front-end или пак C#, PHP, Python, C++, Ruby за back-end.

Правилата бараат да не се користат готови решенија и да нема никакво мамење. Победниците ќе бидат одлучени според следниве категории:

  • генерален победник
  • игривост
  • иновативност
  • визуелно уредување…

За најдобрите, Nordeus имаат обезбедено награди како iPad2, HTC Sensation, монитор, слушалки, Microsoft Touch маус, Razer маус, Nintendo Wii…

Рокот за пријавување е до 9-ти декември  (на сајтот стои 1-ви, но од нивниот ПР менаџер ни е потврдено дека рокот е поместен за 9-ти).

The post ИТ Настан: Nordeus Hackathon 2011 во Белград appeared first on IT.mk.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 18

Trending Articles