Top Eleven, играта на белградското студио Nordeus, успеа во текот на август да го зголеми бројот на играчи за дополнителни еден милион. Во минатиот месец играта ја играа шест милиони играчи, а во јули Top Eleven играле 4,8 милиони играчи.
Овој неверојатен успех на Top Eleven, која е и најпопуларна ваква Facebook игра, пред Fifa Superstars, се должи на подобрениот квалитет на играта и новите функционалности, вели директорот за бизнис развој на Nordeus, Никола Чавич за Startit.rs. Новите содржини ја сместиле Top Eleven како една од најдобрите игри кај дури 500.000 корисници. Играта има рејтинг од 4,4 на Facebook app, па г.Чавич го потенцира центарот за апликации како еден од клучевите за популарноста на играта.
„Можноста да се прати поклон на своите пријатели стана доста популарна кај играчите, а дополнително добивме позитивна реакција кај корисниците за новиот интерфејс на новите мобилни клиени и можност за навивање со пријателите за време на натпреварите во живо.“, објаснува г. Чавич.
Иако подобрениот квалитет и Android апликацијата сигурно имаат свој удел во зголемениот интерес за овој фудбалски менаџер, никако не смее да се заборави и дека август е месецот кога започнуваат сите фудбалски првенства, што дополнително допринесува за интересот во фудбалските менаџери и симулации.
The post Српската Тop Eleven стигна до 6 милиони играчи месечно appeared first on IT.mk.